Седум пати поголем ризикот дека медицинарите ќе развијат потешка форма на Covid-19

Меѓу здравствените работници воочен е седум пати поголем ризик од развој на потешка форма на Covid-19 отколу меѓу оние кои не работат директно со заболените од оваа високозаразно заболување, покажува студијата спроведена во Велика Британија.

Истражувањето, од кое резултатите се објавени во стручното списание Occupational & Environmental Medicine се заснова на податоците собрани ширум Обединетото Кралство во текот на првиот бран од пандемијата од март до јули.

„Професионалната изложеност предизвикува голема загриженост и за животот на клучните работни групи, особено меѓу здравствениот персонал, за што знае да придонесе и неисправната лична заштитна опрема“, се наведва во написот.

Со анализата е утврдено и дека вработените во службите за социјална грижа и во јавниот сообраќај се под двојно повисока опасноста од развој на потешка форма на заболување од Covid-19 од работниците во занимањата кои не се од витално значање.

Истражувањето коешто го спровеле научнциите од универзитетите во шкотски Глазгов, ирски Емерик и американса Сиракуза, се во голема мера во согласност со она што и досега се претпоставуваше досега.

Меѓународниот совет на медицинските сестри уште во септември објавија дека според достапните податоци повеќе од 1.000 медицински сестри од 44 земји починале како последица од заразата со коронавирусот.

Стапката на зараза меѓу здравствените работници на глобално ниво изнесува околу 10 отсто, што е нзачително повеќе отколку меѓу општата популација.