Филипче: Работа на угостителите по 18 часот би можелa да биде ризичнa

Периодот што следува има поводи за масовни собири во угостителски објекти и нивна повеќечасовна работа по завршување на работното време на граѓаните е поголем ризик за ширење на коронавирусот, рече министерот за здравство Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање да даде образложение на една од новопредложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести.

„Сметаме дека работното време до 18:00 часот, со почитување на постоечките протоколи за време на нивната работа, нема да биде дополнителен ризик. Но, повеќе часови по крај на работното време сметаме дека се ризик“, рече Филипче.