Сѐ уште е мистерија потеклото на коронавирусот

Додека дел од научниците се трудеа да развијат што поефикасна вакцина против новиот коронавирус, друг дел од нив се обидуваат да одгатнат една од неговите најголеми тајни: од каде потекнува.

Светската здравствена организација (СЗО) неодмана формираше меѓунардона група од десет научниците чијашто цел е да се истражи потеклото на новиот сој коронавирус означен како SARS-CoV-2.

„Сакаме да знаеме од каде потекнува и ќе сториме сѐ за тоа да го дознаеме“, изјави директорот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Тедрос Аданом Гебрејезус.

Споменатата група научници ќе мора да ги истражат животните кои се „осомничени“ дека го пренесуваат вирусот и првите заразени пациенти. Засега многу експерти се убедени дека потеклото на овој вирус е кај лилјаците, но тоа воопшто не значи и дека успехот на истражувањето е гарантиран.

 

Изворот на ширењето

Првите случаи на заразата се појавија во градот Вухан, во централната кинеска провенција Хубеи, пред точно една година. А потоа државите ширум светот започнаа да бележат рапиден раст на заразите и смртните исходи. Кина, многу брзо беше надмината од многу земји според овие податоци, иако беше посочувана како епицентар на пандемијата.

„Времето на откривање на епидемијата не значи нужно, дека тоа е и почетокот на епидемијата/ пандемијата“, наведуваат од СЗО.

Многу истражувачи од разни земји последните месеци укажуваат на тоа дека заразени со коронавирусот имало и пред декември 2019 година, пред Кина да ја пријави заразата со новиот вирус. Нивните заклучоци се засноваат на анализите на отпадните води на повеќе големи градови во Европа и во светот, како и на примероци од крвта на некои пациенти.

Но за ова сѐ уште нема јасни докази, вели Етјен Симон-Лориер, виролог од парискиот институт „Пастер“. За да се утврди „семејното стебло“ на вирусот, научниците се потпираат на генетските анализи.

„Тоа би требало да придонесен за подоброто разбирање на динамиката на на трансмисијата, особено за тоа како вирусот еволуирал и како жариштата се поврзани просторно и временски“ велат во СЗО.

 

Пренесување на човекот

Научниците засега тврдат дека знаат дела вирусот кај луѓето дошол од животните.

„Големо прашање е што довело до тоа да ‘скокне’ на човекот. Главните осомничени се лилјаците, кои многумина ги сметаат за извор на вируси и голем резервоар за коронавируси“, вели Симон-Лориер.

Меѓутоа, патот до човекот веројатно не бил директен, туку во целата приказна се вмешало уште едно животно како посредник. Лушпестиот цицач панголинот, кој се употребува во традиционалната кинеска исхрана и медицина и поради тоа немилосрдно го ловат ловокрадците а кој се храни со мравки, исто така, од почетокот врз основа на генетичката анализа е идентификан како веројатен пренесувач на вирусот до човекот, но и оваа претпоставка сѐ уште не е докрај потврдена.

Истражителите на СЗО ќе мора да ја разјаснат оваа непозната со повторна истрага на илегалниот пазар за диви животни во Вихан, на кој се продавале живи и диви животни и кој според досегашните истраги е поврзан со многу од првите случаи на заразата во Кина. Притоа велат дека ќе имаат притоа многу траги кои не ги имале на почетокот од пандемијата.

Симон-Лориер вели дека би можеле да бараат животни со рецептор на вирусот, протеинот ACE2, сличен на онаков како што има и кај луѓето. Преку овој рецептор коронавирусот SARS-CoV-2 се закачува за клетките.

Некои животни, како европските видри и белите (африкански) творови, на пример, имаат слични рецептори како и луѓето, додека други имаат сосема поинакви.

 

Теории на заговорот

Според една од теориите на заговорот, во пандемијата вмешан Виролошкиот институт во Вухан. Оваа идеја ја прифати и американскиот претседател Доналд Трамп, кој своевремено новиот коронавирус го нарекуваше „кинески вирус“ и обвинуваше дека вирусот излегол од тамошната лабораторија. Пекинг решително ги отфрла ваквите наводи.

Институтот во Вухан ги проучува некои од најсмртоносните патогени на светот. Научниците од институтот инаку продонесоа од почетокот од епидемијата за подобро запознавање на новиот вирус, а нивниот труд уште во февруари беше објавен во престижно научно списание.

Лабораторијата Р4 во Вухан е резултат на соработката на кинеската и француската влада. Проектот за лобораторијата, управувањето и конструкцијата се изведени со почитување на строгите меѓународни норми и првите лица кои работеа се обучени во лабораториите од типот Р4 во САД и во Франција.

Споменатата лабораторија во Вухан во 2017 година доби официјална потврда во текот на свеченоста на којашто присуствуваше и тогашниот француски премиер Бернар Казанев. Започна со работа врз основа на договорот меѓу Кина и Франција од 2004 година. Лабораториската опрема во Вухан секоја година е тестирана од трета страна.

Симон-Лориер вели дека можноста дека вирусот случајно побегнал од лабораторијата, засега не може целосно да биде исклучена, но истакнува дека нема никакви докази според кои го создак човек. „Сите елементи на неговиот геном се веќе сретнати во приридата, главно кај коронавирусите на лилјаците“, вели францускиот научник.

 

Одгатнување на загатката

Светската здравствена организација тврди дека сознанието за тоа на кој начин епидемијата започнала е „неопходно за превенција на идните продори во човековата популација“. Но и предпредува дека процесот на истажувањето како болеста преминала од животните на луѓето „претставува загатка којашто со години ќе се одгатнува“.

„Влегувањето на новиот вирус меѓу човечката популација е една од најголемите мистерии кои епидемиолозите може да ја разрешат и ние се надеваме на тоа“, додаваат од СЗО.

„Целта е да се сфати механизмот на пренесувањето и да се воведат мерки за избегнување на појави на некои нови SARS-CoV-3, SARS-CoV-4 и таканатаму“, вели Симон-Лориер.

СЗО уште во јули испрати претходница во Пекинг да ги постави основите за истрагата, но сѐ уште не е познато кога поголемата група научници ќе може да замине во Кина и ќе започне со работа. Организацијата се надева дека тоа ќе биде „во најкусиот можен рок“.