![облачно](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/oblachno.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Времето ќе биде умерено облачно со слаб ветер од јужен правец. По котлините претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност кои по одделни котлини ќе се задржат и во текот на денот, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до три степени, а дневната од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со слаб ветер, претпладне со појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали. Утринската температура ќе достигне до минус 2 степени, а дневната до 8 степени.