Чавушоглу: Нема да се откажеме од набавка на руски системи С-400 поради санкциите од САД

Турција нема да се откаже од набавка на руски ракетни одбранбени системи С-400 и ќе преземе реципрочни чекори, откако ќе ги процени санкциите воведени од САД, изјави денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Во интервју за ТВ Канал 24, Чавушоглу рече дека одлуката за санкциите е неправилна од правна и политички гледна точка.

– Ова претставува напад врз суверените права на Турција, рече Чавушоглу, додавајќи дека мерките нема да влијаат на Анкара.