
Мене ме интересираат најгорливите проблеми, бидејќи екоцидот зема замав во Македонија. Се разбира дека свесна бев за голема опасност, поднесов амандман со колегата Пренџов, сумата не е фантастична за добробита на граѓаните, 180 милиони денари односно 3 милиони евра, истакна вечерва Гордана Силјановска Давкова – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со напомена, како што велат нашите луѓе, не може да биде озгора мазно оздола азно, оти слушаме промоција за парк – одлично е тоа меѓутоа, не може парк да никне над депонија.
Прво треба депонијата, особено што го загрозува сиот свет не само нашето здравје туку и растителниот свет, а најмногу водите, бидејќи се работи за бунарското подрачје, Лепенец и Нерези, очекував прво да се справи со шутот со отпадот, да го излекува значи земјиштето, па потоа на него да никне здрава шума.
Се разбира амандманот беше одбиен, но јас ова повторно ќе го афирмирам за време на пленарната седница ќе апелирам до совеста на оние кои одлучуваат, во случајот пратениците, бидејќи заменик министерот не го прифати, но мислам дека гласноста и вашата поддршка е многу важна. Се надевам дека ќе соберат сила да ја исправат грешката и искрена да бидам според она што го видов она што го чув, не очекувам дека животната средина им е најважна, како и нашето здравје се разбира“ – истакна таа.