СДСМ лицемерно креваше хистерија за превработеност во администрацијата, а сега сѐ повеќе ја полни

Пред неколку години врескаа на ниво на хистерија дека администрацијата ни е превработена, но денес имаме ситуација кога во администрацијата се вработува повеќе и повеќе. Ова е лицемерно, а дополнително во Буџетот за 2021 година тие велат „ќе спроведеме ефикасна администрација базирана на дигитализација“, а дигитализацијата секако не подразбира зголемен број вработени, во  интервју за КУРИР го истакнува Гордана Димитриеска Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Со неа, меѓу другото, разговаравме за целата економска состојба, како и за Буџетот кој Владата на СДСМ го проектира за следната година.

„Во 2019 година 228 милијарди денари биле вкупните расходи, а за разлика од тоа во 2021 година се 247 милијарди имаме поголеми расходи. Тоа можеби не би било страшно во услови на корона-криза, доколку парите се наменуваа за здравство или повторно помош на економијата. Но, ние немаме таква ситуација. Ќе тргнам од податокот за плати и надоместоци. Расходите за плати во рамки на буџетот на 2020 и 2021 година се зголемени за 61 милион евра. Нели е лицемерно да зголемувате толку администрација? Најодговорно велам бројот на администрацијата се зголемува бидејќи ние не слушнавме дека некој има зголемена плата добиено, дури во март тие планираа платите да ги намалат. Сега зголемуваме администрација, пред неколку години вриштеа“, истакна таа.

Според Димитриеска Кочоска, ова е еден од најголемите проблеми кои се случуваат во новите буџети во Македонија.

Целото интервју со неа можете да го погледнете во продолжение: