На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 213 мерки. Петнаесет мерки се за возење без возачка дозвола, а 18 за неносење на заштитна маска.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, десет мерки се однесуваат за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење мобилен телефон, а исто толку санкции за некористење на сигурносен појас. Единаесет санкции се изречени за минување на затворен семафор (црвено светло).
Исто така, изречени се 74 мерки за непрописно паркирање, а со „пајак“ се подигнати 41 возило.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот – се наведува во соопштението на МВР.