Швајцарскиот парламент по седум години процедури одобри бракови за сите

Швајцарскиот парламент го одобри во петокот нацрт-законот кој се дозволува брак на еднополовите двојки, неколkу години откако тоа го сторија некои други земји во западна Европа.

Последниот збор, сепак, за ова веројатно ќе го имаа Швајцарците, бидејќи партијата Демократска федерална унија (UDF), која се декларира како браник на христијансктие вредности, веќе најави дека за ова прашање во духот на швајцарската традиција на директна демократија за тоа ќе организира референдум.

Граѓанскиот брака за сите засега го усвоија двата дома на швајцарскиот парламент, по неколкугодишна процедура. Иницајалниот нацрт за законот го предложи група пратеници од зелените и либералите во 2013 година.

Со усвоениот текст на истополовите двојки ќе им се овозможи склучување бракови, а на лезбиските дввојки им дава и можност да промаат донација на сперма, што е еден од покотроверзните делови од законот.

Досега двојките од ист пол можеа да склучуваат ткн „регистрирано партнерство“, коешто меѓутоа не дава исти права како и бракот.

„Ова претставува историска победа за права на ЛГБТ заедница“, објави на социјалните мрежи организацијата Amnesty Suisse.

Здружението Семејство на виножитото, основано во 2010 година, соопшти дека веќе се подготвува за референдумот кој го најави UDF.