Поддржувачите на евроинтеграцијата на Украина од денеска започнаа генерален штрајк и ја блокираа владината зграда во Киев, откако во неделата над 100 илјади лица учествуваа во протестите со апели до Владата за предвремени избори, пренесе „АФП“.
Во текот на изминатата ноќ над 10 илјади проевропски настроени Украинците останаа на плоштадот „Независност“ во центарот на Киев. На плоштадот има поставено околу 20 големи воени шатори, во кои кампуваат демонстрантите.
Околу 5.000 од нив утрово се упатија кон зградата на Владата и претседателот, за да продолжат со обидите да ги принуди властите да поднесат оставка.
„Во Украина почна револуција“, изјавил лидерот на партијата „Слобода“, со што го објави почетокот на генерален штрајк.