Полицијата прекина свадба во Врапчиште

Полицијата денеска прекина свадба организирана во село Врапчиште гостиварско. Притоа е приведен организаторот на свадбата А.С (56) години.Против него ќе биде поднесена и кривична пријава.

Полицијата соопшти дека на веселбата присуствувале 30 лица.

„Околу 15.40 часот полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.З. (56) од с. Врапчиште, гостиварско, пред чија куќа била организирана свадбена веселба, на која присуствувале триесетина лица. А.З. е задржан во Полициска станица Гостивар и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти полицијата.