Пенков: Додека Македонија сонува за странски инвестиции, Владата ни нуди научно фантастичен буџет

Буџетот за 2021 година којшто го предложи Владата е научно фантастичен, и со бнего тешко дека животот на граѓаните ќе се подобри, рече на собраниска седница во саботата пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков.

„Веќе неколку дена дискутираме и расправаме за предлог буџетот за 2021 година на Република Македонија и би сакал веднаш на самиот почеток да напомнам дека немам никакви очекувања во делот дека нешто спектакуларно ќе се случи во подобрување на квалитетот на животот на македонските граѓани. Вкупните приходи се детерминирани на 212 милијарди 630 милиони денари. Вкупните расходи на 247 милијарди 567милиони денари. А, дефицитот е поставен на 34 милијарди 937 милиони денари. Односно дефинирани се, поставени се три основни цели, зајакнување на финансирање на системот за здравствена заштита и зачувување на здравјето на македонските граѓани, второ поддршка за економска стабилизација и поставување на темелите на солидно економско заздравување и забрзан економски раст, и трето непречено функционирање на основните функции на државата и поддршка на реформите во правосудството и евро атланските интеграции“, истакна Пенков.

Пенков додаде дека ако се направи сума сумарум на овој дел тогаш делува како пишан збор со научно фантастични секвенци. Но познавајќи два момента тоа првиот е капацитетноста на луѓето кои што седат во Владата и кои што треба да направат организирање на сето ова да функционира од една страна и од друга страна очајната потреба за финансиски средства. Затоа не треба да чуди неподносливата леснотија со која што се детерминира најголемиот буџет во историјата на Република Македонија вреден 4.2 милијарди евра.

„Кое е основното сценарио? Основното сценарио е да има раст на БДП од 4.1%, раст на БДП за 2021 година. Раст во 2025 од 5.9% и она што е доста интересно во периодот 2026 – 2030 растот да биде 5.7%. Со ова почитувани колеги, Владата треба да ни демонстрира антиципирање на иднината во не сам еден краткорочен период него еден среднорочен значи пет години и повеќе од тоа долгорочен период. И сето тоа би било добро да веќе во наредната реченица каде што стои имплементација на капитални и инфраструктурни проекти во периодот 2021-2025 е поставена дека висината ќе биде 3.1 милијарда евра од кои од буџетски средства би се обезбедиле 1.16 милијарди евра. А, ние сме сведоци дека изминатите месеци се потрошија милијарда евра, а не видовме ништо од т.н. инфраструктурен проект“, рече Пенков.

Пенков дополни дека не постои подобар начин да се претстави овој научно фантастичен буџет со една компарација што значи појдовна основа при изготвувањето на Буџетот и што значи она што е реален живот на македонскиот граѓанин.

„Утврдени стратешки приоритети на владата на Македонија за 2021 година и тоа под број еден е обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на животот на граѓаните. Веднаш да бидеме на чисто вие немате економски раст во овој период , имате негативна стапка на раст на БДП, сите ние сме влезени во рецесија, не постои нешто што се нарекува инвестициски циклус. Не постои такво нешто, а за странски директни инвестиции можеме само да сонуваме. За повисокиот животен стандард не станува збор, а за квалитетот на животот апсолутно нема потреба да се дискутира“, кажа Пенков.

С е осврна и на справување со светската пандемија предизвикана од КОВИД-19. Начинот на справување со корона кризата во Македонија се опишува со хорор, ужас и катастрофа. Оваа влада ништо не направи за да ги заштити граѓаните од оваа пандемија. А, извештаите од регионот, Европа па и Светот говорат дека власта потфрли во справување со КОВИД-19.