Еј, моја Македонијо

Денес е големиот христијански празник Свети Никола, нека е напомош на сите. Да ни дава спасение, здравје во овие нормално ненормални времиња.

Еј, моја Македонијо, твојот источен сосед Бугарија ти стави вето со која формално да започнат преговорите со ЕУ. Но, во лошото има и добро, а тоа е што Чешка, Словачка и Австрија недозволија да бидат усвоени заклучоците во делот за погрешното толкување на историјата, на кој инсистира Бугарија, а претседавачот Германија ги предложи. Чесите и Словаците знаат кои се Светите браќа Кирил и Методиј и од каде доаѓа сесловенската писменост. Словаците светите браќа Кирил и Методиј ги имаат ставено и во нивниот Устав како сесловенски просветители. И затоа, знаат дека Бугарите ја фалсификуваат дејноста на овие наши старомакедонски просветители, и со право не се усвоени заклучоците, на кој што инсистира и се залага бугарската страна да стои: „погрешно толкување на историјата“. Фалсификатот го прави Бугарија кој ги присвојува Свети Кирил и Методиј за бугарски и писменоста за бугарска. Фактите и документитите се на наша страна. Таква загриженост изразиле и другите држави членки на ЕУ.

Изненадува фактот, што претседателот Стево Пендаровски бил уверен дека нема да има вето од Бугарија( изјава на една национална телевизија). На што се темели таа негова констатација?!. Дали такви проценки доаѓаа од Агенцијата за разузнување чиј директор е Еролд Муслиу или такви проценки доаѓаат од советникот за национална безбедност на Заев Зоран Верушевски или од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) што ја води Виктор Димовски и Воената агенција за разузнавање, да ги предупредат македонските власти дека се подготвува вето од Бугарија. Констатција е дека овие служби ги имаат промашено безбедносните проценки во поглед на ветото од Бугарија и последици од него по економијата и странските инвестиции пред се. Ова е ова од безбедноста Еј,моја Македонијо.

Во однос на образованието и екскурзиите кои ги прави Мила Цароска е посебна прикаска. Прво, дел од матурантите ја бојкотираат наставата, а наставниците седат пред вклучените комјутери. Од МОН велат дека матура секако ќе има и дека станува збор за изолирани случаеви. Останува да покаже времето. Другата прикаска заедно со некои професори од невладин сектор, барање за некакви „реформи во основното образование“, без да се вклучи академската фела, научни институти, наставниот кадар и слично. Имено, обединување на наставни програми општествени и тоа: Историја, Географија и Граѓанско образование од една страна и од друга страна наставните програми по предметите: Биологија, Хемија и Физика во природни науки. Не знам Мила Цароска кај ќе го стави сексуалното (мислам на образование) каде ќе го интегрира.

Ваквите, морам да кажам, недоквакани и дилетански потези се осудени на пропаст, реакции доаѓаат пред се од научната фела Институтот за историја од Филозовскиот факултет во Скопје, разни здруженија на педагози, историчари, географичари, физичари и слично.

Елементарното непознавање на Цароска од образованието е јасно, ама отворено ја повикувам професорка Бешка на Институтот за психологија, Чешларов од Бирото за образование, прво да и објаснат на Цароска, во што е суштината и потребата од едукација на наставниот кадар во приодот и примената на методологијата на работа нови начини на истражување, компарирање и споредување, онака како што бара современата методологија на работа. Исто така, нова методологија на работа со студентите кои студираат на општествени или природни науки. Тоа е потребно што го бараат стрчњаците и предлагаат за да бидеме компатибилни со образовните тенденции во Европа и светот.Тоа е важно, а не фузирање на наставни предмети. Цароска, ја спомнува Финска или Норвешка. Да, треба да биде сремеж кон тој образовен растеш и услови за работа. Но, во овие држави нема училишта со полски вециња или немање вода во училиштата, ќумбиња од минатиот век, таму хигиената е на високо ниво, а да не зборуваме за лаборатории, и други нагледни средства.Ние сме далеку од тоа… Тоа е Еј,моја Македонијо!

Овие од власта велат ни цвета економијата. Да, ама надолу, на рангот сме со Босна, Албанија, па ние. Еј,моја Македонијо. За здравствената состојба со пандемијата Ковид 19. Како што ќе рече Филипче „ Се е под контрола“, надминавме над двеилјади умрени, жално но вистинито. Еј,моја Македонијо!

Останува да се молиме на СЕВИШНИОТ БОГ- СПАСИ НАС -АМИН

Автор: Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор