![zenska fudbalska reprezentacija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/zenska-fudbalska-reprezentacija.jpg?resize=645%2C385&ssl=1)
Женската фудбалска репрезентација направи скок од 12 места на последното ФИФА рангирање.
Нашиот национален тим оваа година одигра четири натпревари и запиша три порази и една победа. Избраничките на Кирил Изов завршија претпоследни во групата Г во квалификациите за Европското првенство.
Од европските репрезентации, само Андора е послаборангирана од нас. Македонија моментално стои на 117. место со 1.097 поени.
На врвот е САД пред Германија, Франција, Холандија, Шведска, Англија, Австралија…