Нетанјаху првиот Израелeц кој се вакцинираше против коронавирусот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прв во Израел во саботата ја прими вакцината против коронавирусот и ги повика сонародниците да ги надвладеат стрвот и скепската, ден пред во земјата да започне кампањата за масовно вакцинирање.

Седумдесет и едногодишниот Нетанјаху, кој заразата со коронавирусот ја нарече „најтешката пандемија со која човештвото се соочи последните сто години“, рече дека сака да биде личен пример за израелското население.

Добивањето на пратките на вакцината на „Pfizer/BioNTech“, а подоцна и на „Moderna, според Нетанјаху претставува „почеток на крајот“ на пандемијата.

„Од ова можеме да излеземе заедно“, рече премиерот за новинарите во болницата источно од Тел Авив.

Израелскиот министер за здравство Јули Еделштајн, исто така, на Израелците им порача „Вакцината е безбедна, Дојдете и вакцинирајте се“.

Во Израел во недела започнува кампањата за вакцинирање против коронавирусот. Приоритет им е даден на здравствените работници, следуваат постарите лица а потоа и нивните негуватели.

Масовната кампања е најголемата во историјата на Израел, а ќе се спроведува под мотото „Дај го рамото“. Вакцината во Израел пристигна пред една седмица, а целта е дневно да се вакцинираат околу 60.000 лица.