Денес од собраниска седница се обрати и пратеникот Иван Јорданов од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. Јорданов се осврна на предлог буџетот при што воочи низа пропусти на власта во истиот предлог на буџет за 2021 година.
-Се сеќавам оваа влада своевремено се нарекуваше реформска влада, па потоа европска влада, но како минуваат годините и како ги гледаме предложените, планираните и проектирани буџети ќе кажам дека се расипничка влада. А, трошејќи ги народните пари расипнички се криминална влада“, нагласи Јорданов.
Јорданов додаде дека оваа влада е неспособна и дека со неработењето владата дефинитивно се коцка со иднината на македонските граѓани.
-Планираниот и реализираниот јавен долг од над 60% е ништо друго освен коцкање со идните генерации. Но притоа не создадовте вредност, не генериравте вредност во економијата, ниту пак планирате да генерирате вредност со која што ќе
го враќате овој јавен долг. Често пати во јавноста се правдате и се компарирате со другите поразвиени држави каде што јавниот долг и таму се зголемува. Да, се зголемува но таму јавниот долг има од што да се врати. Затоа што во тие држави
има зголемени инвестиции, има зголемени капитални инвестиции, отворање на нови работни места, а сето тоа генерира вредност која што во наредниот период ќе биде вратена. Но за разлика од тие држави, кај нас имаме еден современ геноцид на еден народ кој што е владеан, кој што го владее една ненародна власт, рече Јорданов.
Јорданов посочи дека во само една година Македонија има нови 50.000 невработени поради неспособноста на оваа власт. И тоа се случува во година кога има од страна на владата презентирано четири пакет мерки за поддршка на стопанството, за поддршка на работните места, за задржување и зачувување на работните места, Македонија има 50.000 невработени. Во една година кога Македонија се соочува со оваа здравствена криза има рекорден број на заболени и починати наши сограѓани, а во исто време се нема ниту денар инвестиции во здравствениот сектор.
„Сега овде од говорницата прашувам, каде е тој вашиот супермен кој што го стававте на стикери, кој што излегуваше со натажено лице и кој што глумеше загрижено лице? Каде е сега тој супермен да ги соопштува овие бројки и да презентира колку нови инвестиции планирате со овој буџет да инвестирате во овој сектор кој што е најмногу значаен во наредниот период? За тоа што и во овој буџет не планирате средства за Клиничкиот центар во Скопје. И во овој буџет не планирате да ја завршите Клиничката болница во Штип. Единствено нешто што планирате е да поставите шатори и со тие шатори да презентирате пред македонската јавност дека се борите со пандемијата“, нагласи Јорданов.
Јорданов рече дека власта не е способна да се бори пандемијата и затоа час поскоро граѓаните на непосредни избори ќе ви испорачаат казна. Освен во здравството и економијата власта потфрли и во другите сектори. Во сите сегменти на живеење власта бележи порази.