(ВИДЕО) Леао го постигна најбрзиот погодок во историјата на Серија А

20 December 2020. EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Португалскиот напаѓач на италијанскиот фудбалски великан Милан, Радаел Леау го постигна во неделата најбрзиот погодок во историјата на највалитетната лига и веројатно во италијанскиот фудбал.

Леао на мечот кој „Росонерите“ го играат како гости кај Сасуоло во рамките на 13-то првенствено коло беше стрелец по само 6,4 секунди игра.

Досегашниот рекорд за најбрзо постигнат погодок му припаѓаше на Италијанецот Паоло Поџи, кој во 2001 година за тимот на Пјаченца погоди по 8,9 секунди игра против Фиорентина.