
Пет лица, од кои еден случаен минувач и четворица лекари кои работата во затвор во авганистанската престолнина Кабул, загинале во експлозија на бомба прцврстена за возилото со коешто патувале на работа во вторникот, пренесуваат медиумите.
Фердус Фарамарз, портпарол на кабулската полиција, оптврдил дека експолизијата била предизвикана со ткн „магнетна бомба“ прицврстена за возилото со кое се првезувале лекарите до затовиро Пул-е-Чарки.
Засега ниедна група не ја преземала одговорноста за нападот.
Полицијата објави дека уште две лица се ранети во вторникот рано утрото во експлозија на југот од Кабул, кај затворот. Во него се затворени стотици талибански милитанти.
Во изминатите два месеца се убиени повеќе од сто луѓе во повеќекратните напади за милитантите во Кабул. Меѓу целите се новинари, активисти и политичари. Во неколку неодамнешни напади, исто така, биле користени ткн „лепливи бомби“ пицврстени со магнет за возила.
Насилството во Авганистан и натаму е на високо ниво и покрај почетокот на преговорите меѓу авганистанската влада и политички претставници на радикалното исламистичко движење Талибан.