Азард задоволен иако е најслаба алка во белгискиот тим

Иако не ги исполни големите очекувања, не постигна ниту еден погодок, а запиша само две асистенции. најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Белгија, Еден Азард призна дека е задоволен од постигнатиот резултат на Мундијалот во Бразил и дека сите мора да бидат задоволни од пласманот во 1/4 финалната рунда.

„Можеме да бидеме задоволни бидејќи ги остваривме првичните цели. Селекцијата на Аргентина одлично се снаоѓа со овие дуели. За нас Светското фудбалско првенство беше искуство. Нашиот тим е млад и талентиран, така што треба да се радуваме на овој успех. Потребно е да настапуваме на шампионатите и со тоа ќе дојдат успесите. Можеме да се пофалиме со претставата“, изјави фудбалерот на Челзи.