Клиперс ги победија шампионите, Нетс убедливи на стартот

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс влегоа во новата сезона во НБА лигата со победа на старот над актуелните шампиони и градски ривали Лос Анџелес Лејкерс со 116:109, додека Бруклин Нетс со убедливи 125:99 го совладаа Голден Стејт Вориорс на својот паркет.

Во вечерта кога ги добија своите шампионски прстени како спомен од титулата во НВА освоен „во балонот“ во Орландо, Лејкерс не успеаја како победници да излезат од градското дерби. Дури, поразот од 109:116 за нив е и добар резултат, имајќи предвид дека Клиперс пред крајот на првата четвртина има предост од 22 поени (39:17).

Лејкерс сепак успеаја оваа разлика во втората четвртина да ја сведат на само два коша заостанување на полувремето (54:56), а на пет минути до крајот на третата четвртина дојдоа и до израмнување (75:75), но потоа ниеднаш не успеаја га преминат во водство. Кога се кршеше мечот, Клиперс го имаа извонредно расположениот Пол Џорџ кој од своите 33 коша, 24 постигна во второто полувреме.

Каваи Леонард кај победниците додаде 26 поени, а Серж Ибака постигна 15 поени во својот прв натпревар во дресот на Клиперс каде ја зазема позицијата на стартен центар. Леброн Џејмс со 22 коша беше најефикасен кај Лејкерс, Ентони Дејвис додаде 18 поени, а Монтрезл Харел против својот поранешен тм имаше 17 коша и 10 скокови.

Во Бруклин домашната екипа под водство на Стив Неш предоврена од Кајри Ирвинг и Кевин Дурант.уште во првата четвртина ги сомеле Вориорс постигнувајќи 40 поени (40:25), а потао од четвртина во четвртина предноста на домашните се зголемуваше до највисоките 38 поени.

На три минути пред крајот на третата четвртина Нетс имаа водство од 35 поени разлика (95:60), па Неш можеше да си дозволи последните 15 минути од натпреварот да ги одигра без своите најдобри играчи.

Ирвинг сите 26 поени ги постигна во првото полувреме, а притоа имаше и по четири скокови и асистенции. Дурант дуелот го заврши со 22 поени, пет скокови и по три асистенции и освоени топки. Трет стрелец кај победниците беше Карис Леверт со 20 поени.

Стивен Кари за Голден Стејт постигна 20 коша но со многу лоша реализација 7 погодени од 21 обид, а поедели десет асистенции. Вториот избор на годинешниот драт, центарот на Вориорс, Џејм Висмен, додаде 19 поени со шест скокови.