Сведок на обвинителството во случајот „Насилство во Центар“ го менува исказот

За Томислав Лазаров, кој призна вина и доби условна пресуда во случајот наречен „Насилство во Центар“, во средата во судот беше потврдено дека лажно сведочел на рочиштата во овој случај.  Тој повеќе судски не е гонет ниту во другиот случај против него „Талир“, каде признал дека земал пари спротивно на закон и не ги пријавил што е кривично дело.

Имено по случајот „Насилство во Центар“ каде му биле цитирани и доказите против него кога го давал тогашното сведочење, повторно како „дежурен“ главен сведок се појавува во случајот „Талир“, каде целото обвинение се темели на неговиот лажен исказ.

Овој предмет инаку е покренат по рокот со кој поранешното Специјално јавно обвинителствво (СЈО) законски имаше можност да поднесува обвиненија, што е потврдено и со едногласна одлука на Врховниот суд, иако поранешниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и член на советот на Општина Центар во два мандати изнесува лаги околу функционирањето на општинскиот комитет.

За неговите нелегални активности и земање пари лично од бизнисмени сега обвинува други луѓе со образложение дека „други му кажале“.

Исто така, со материјални докази во судницата беше потврдено и дека ниту еден член од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар не извршил донација кон ВМРО-ДПМНЕ за што беше презентиран и материјален доказ и во целост е побиен неговиот исказ.

Одбраната денеска најави и кривична пријава кон Томислав Лазаров за лажно сведочење.