(АУДИО) На кој начин Финансова полиција и „БИРН“ заедно шират лажни вести

Заедничка акција за ширење на лажни вести спроведуваат Финансовата полиција и провладината истражувачка медиумска мрежа „БИРН“ – покажува проверката на факти која ја спроведе „Радио Лидер“.

Во текстот кој под наслов „Ширењето на унгарските медиуми на Балканот загрижува, но тие имаат слабо влијание“ беше објавен на „Призма“ (платформа на „БИРН“) на четврти месецов, беа изнесени низа на лажни информации во однос на медиумите кои се критични настроени кон власта.

Ваквата тенденција на ширење на лажни вести доаѓа во време кога Владата во Македонија се обидува да спроведе низа на контроверзни одлуки како преговорите со Бугарија и измената на образовниот систем во земјава.

Според познавачите, директната намена на ширењето на лажни вести е за да се дискредитираат медиумите кои во овие критични периоди се критични кон власта.

Особено е скандалозно што ваквата лажна вест извира од медиум кој се поврзува со фондовите на контроверзниот берзански шпекулант Џорџ Сорос.

Повеќе на „Лидер“