Во село Просениково утрово во 07.50 часот изгореа две соби и покрив на куќа. Причинета е материјална штета, а повредени нема.
Од Територијалната професионална противпожарна единица во Струмица го потврдија пожарот и информираа дека во гаснењето учествувале две против пожарни возила и седум пожарникари.
По интервенцијата пожарот е изгаснат, а причините за настанувањето се испитуваат.