Објавени платите во Германија!

Германската федерална агенција за вработување објави список на плати во оваа земја, каде што заминуваат многумина од нашата земја и од регионот.

Според соопштението, ова е списокот на плати за 2019 година и ја покажува просечната бруто плата на најпопуларните професии во Германија.

Медицинска сестра заработува 3.547 евра, пекар 3.502, продавач на слатки 1.839, багерист 3.421, службеник во банка 4.875, градежен инженер 5.246, професионален возач 2.556, мајстор за кровови 3.265, електричар 3.143, електричар 3.694, старател 3.598…

Платата на грнчар е 3.003 евра, фризер 1.684, водоводџија 3.056, касиер 2.214, келнер 1.934, готвач 2.284, сликар 2.776, ѕидар 3.214 и столар 3.153 евра.

Но, тоа се износите кои работникот не ги добива на рака, бидејќи државата прво мора да се подмири од таа сума преку даноци и придонеси. Се плаќаат и црковни даноци.

Износот на одземениот данок од платата зависи од даночната класа на работникот, а при пресметката, улога игра и дали работникот е оженет или сам, дали е самохран родител, колку деца има и други податоци.

Германците имаат шест даночни класи. Третата, на пример, се препорачува за сопружници чиј партнер нема приход или неговиот приход е многу помал, додека четвртиот се препорачува за брачни парови кои заработуваат приближно иста плата. Колку е поголема платата, толку е поголема разликата во промената на даночните класи.

На нето-платата во Германија влијаат повеќе фактори, од даночната класа до бројот на деца, црковниот данок и осигурувањето.

Ако, на пример, некој има бруто плата од 3.000 евра, нето платата во првата даночна класа ќе биде 1.938 евра, во втората 1.991, во третата 2.226, во четвртата 1.938, во петтата 1.575 и во шестата 1.533 евра.

Германија исто така има одредена минимална саатница. На почетокот на оваа година имаше зголемување на минималната плата од 9,19 на 9,35 евра за еден час работа.

Минималната саатница беше воведена во 2015 година и изнесуваше 8,50 евра. Оттогаш, таа постојано расте, а до средината на 2022 година, според проценките, треба да изнесува 10,45 евра.