Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија утрово во Белград ја уапсиле Б.П. (1959) од Обреновац под сомнение дека извршила тешко убиство во обид. Станува збор за бабата која вчера го фрлила во контејнер новороденчето на својата 23-годишна ќерка.
Младата мајка го пријавила случајот откако со Брза помош била пренесена во болница. Раскажала дека се породила дома, а нејзината мајка го фрлила бебето во контејнерот пред зградата.
Девојчето е сместено во неонаталниот оддел на белградската болница.
На бабата засега ѝ е одреден притвор од 48 часа.