
Можеби ќе биде потребно да се вакцинираат против коронавирусот до 90 отсто од населението за да се создаде колективен имунитет или ткн „имунитет на стадото“, смеа водечкиот американски стручњак за заразни болести, Ентони Фаучи
Повеќе од милион Американци, или околу 0,3 отсто од вкупната полулација на САД, ја примиле првата доза од вкацината против коронавирусот од 14-ти декември, според податоците на Агенцијата за контрола на болестите (CDC),
Ентони Фаучи, кој е советник за пандемијата на актуелниот републикански претседател Доналд Трамп а според изјавите ќе биде и на неговиот демократски наследник на должноста Џо Бајден, призна во четвртокот дека постепено ги зголемувал своите процени за потребната имунизираност на населението. Претходно годинава Фаучи во неколку наврати изјавуваше дека е потребно да се вакцинираат 60 до 70 отсто од жителите за создавање на „имунитетот на стадото“.
„Навистина не знаеме колкава е вистинската бројка. Мислам дека виостинскиот размер е некаде меѓу 70 и 90 отсто. Но нема да кажам 90 проценти“, изјави Фаучи во разговорот за дневниот весник The New York Times.
САД во средата втор ден со ред забележаа над 3.000 починати од коронавирусот. Вкупно досега се потврдени 326.333 смртни исходи на лица заразени со коронавирусот, според податоците кои ги собира агенцијата Reuters.
Во пресекот од средата кон четвртокот низ американските аеродромик минале 1.191.123 патници, повеќе од кој и да е друг ден од почетокот на пандемината во март, според податоците на американската управа за безбедност во сообраќајот. Бројот на патниците во средата 23-ти декемвир бил помал отколку истиот ден во 2019 година, но го надминал бројот на патници од 29-ти ноември годинава кога 1.176.091 патнил патувал дома за Денот на благодараноста.
Податоците укажуваат дека многу Американци ги пренабрегнале препораките од здравствените влати да ги избегнат патувањата за божикните и новогодишните празници. Фаучи и другите експери велат и дека социјалната дистанца ќе биде потреба и во добар дел од 2021 година, бидејќи вакцинирањето ќе се сприведува бавно. Први се вакцинираат здравствените работници, па штитениците за стари и немоќни лица, избраните функционери и пожарникарите. Повеќето Американци би можеле да дојдат на ред за вакцинирање по најмалку шест месец..
Фаучи, кој е директор на Националниот институт за алерики и заразни болести од 1984 година, вели во споменатото интервју дека сега е поподготвен почесто да истапува во јавноста со своите убедувања, бидејќи анкетите покажуваат дека Американците стануваат малку помалку скептични во однос на новите вакцини.
„Кога анкетите открија дека само половината Американци би се вакцинирале, зборував дека за имунитетот на стадото е потребо 70 до 75 отсто. Тогаш, кога поновите истражувања покажаа дека 60 или повеќе отсто би се вакцинирале, помислив ‘Би можел тоа малку да го засилам’, па минав на 80, 85 отсто“, вели за NYT Фаучи кој во четвртокот наполни 80 години.