5.8 C
Skopje
петок, ноември 29, 2024

Христијан Мицкоски со честитка до Апостолски егзарх д-р Киро Стојанов и сите католички верници по повод Божиќ

– Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам големиот Христијански празник – Божиќ на сите верници кои го слават според Грегоријанскиот календар. Христовото раѓање е нова надеж за светот, тој донесе светлина и иднина, стои во честитката на лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод празникот Рожденство Христово Божиќ.

-Овој голем празник нека донесе мир, спокој и радост во Вашите домови. Оваа година Божиќ го празнуваме во посебни услови. Пандемијата кој го обзема светот е се уште присутна. Во овие тешки моменти за човештвото воопшто да се потсетиме и да ги применуваме Христијанските вредности, како толеранцијата, искреноста, љубовта кон ближниот, да си подадеме рака и заедно да ги пребродиме искушенијата. Но пред се да знаеме дека преку вербата се пребродуваат и најтешките искушенија. Нека Христос ни го осветли патот и ни го покаже правецот. Христос се роди! Среќен Божиќ!, вели Мицкоски.