Заев претседател на државата, живее во 2001 година

Премиерот Зоран Заев, во емисијата „Само вистина“ посочи дека претстојните празници планира да ги помине дома, но направи повторно неколку лапсузи кои некако му станаа негов заштитен знак.

„Да прославиме одговорно, тоа е кампањата којашто ја води владата, на чие чело сум јас како претседател на државата, а тоа значи дома. Замислувам дека три дена ќе бидам дома во пиџами, ќе читам материјали, има куп документи, стратегии за 2001 година…“, рече Заев.

Погледнете го видеото: