Опремата украдена во инцидентот од почетокот на декември поврзан со авионот од типот „Ил-80“ наречен „авионот на Судниот ден“, во Тангарог, не е поврзан со директната функционална намена на леталото, односно да биде команден пункт во случај на нуклеарна војна, објави во саботата Здружената корпорација на авиопроизводителите (ОАК).
Авионот на почетокот од декември пристигнал на договорен ремонт во областа на производствен комплекс во близна на Таганрог-Јужни, но се истакнува дека на аеродромот на кој бил приемјен „Ил-80“ може да се влезе само со специјална пропусница и оти е под силно обезбедување кое е независно од аеродримското.
„Целата специјална опрема беше демонтирана од леталот веднаш по слетувањето и се чува во специјални простори. Како резулатат на инцидентот исчезна извесно количество блокови од секундарната опрема кои не се поврзани со директната функционална намена на леталото“, се наведува во соопштението на корпорацијата.
Се додава дека корпорацијата е заинтересирана за „максимална ефикасна истрага и откривање на криминалците“ и оти соработуваат со службите кои ја водат истрагата.
Претходно беше објавено дека злосторниците успеал да ја отворат вратата во карго просторот на авионот, и оти украле радио опрема со повисока вредност. Според објавеното, од разните оддели на авионот исчезнале 39 радиостаници.
Според отворени извори, „Ил-80“ е воздухопловен команден пункт дизајниран за контрола и командување со вооружените сили при евентуален нуклеарен судир. Авионот е развиен врз основа на патничкиот авион од типот „Ил-86“ и вкупно во функција биле ставени четири летала од типот „Ил-80“. Поради нивната намена на Западот ги нарекоа авиони на „Судниот ден“ и се претпоставува дека во еден од нив би се наоѓал при таков конфликт рускиот претседател.