Владата го разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за спроведување попис со отпечаток од прст

Владата го разгледува предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за набавка на терминал за отпечаток од прст за попсиот, соопшти денеска владиниот портпарол, Мухамед Хоџа.

Хоџа на прес-конференција во Владата истакна дека спроведувањето на пописот е во интерес на сите и повеќе не смееме да го одложуваме. Пописот е статистичка операција и во него нема политика, рече тој.

– Ова се разгледува од надлежните институции, но сакаме да потсетиме дека спроведувањето на пописот е во интерес на сите. Државата треба да ги знае клучните статистички податоци и тоа е операција која повеќе не смееме да ја одложуваме зашто нејзиното организирање е за општо добро. Треба сите да бидеме свесни, нагласи, колку ни се неопходни податоците кои треба да ги даде пописот за планирањето на развојот на државата – рече Хоџа.