
Португалецот Кристијано Роналдо и Реал Мадрид се прогласени за фудбалер и клуб на векот на доделувањето на наградит Globe во Дубаи.
Роналдо е прогласен за фудбалер на векот добивајќи повеќе гласови од Аргентинецот Лионел Меси, Египѓанецот Мохамед Салах и Бразилецот Роналдињо, а наградите се однесуваат само на првите 20 години од овој век.
„Не би можел да бидам посреќен, со наградата за фудбалер на векот ќе го зголемам одбележувањето на 20-та година откако сум професионален фудбалер. Му се заблагодарувам на кралското семејство од Дубаи, како и на сите обожаватели ширум светот од кои добив повеќе од 21 милион гласови“, изјави португалскиот напаѓач на Јувентус.
Реал Мадрид е прогласен за „клуб на векот“ поради шесте титули во Лигата на шампионите, а пред Барселона, египетски Ал-Ахли и минхенски Баерн.
За најдобар требер на векот е избран Пеп Гврардиола, кој зад семе ги остави Зинедин Зидан, Жозе Мурињо и легендарниот сер Алекс Фергусон.
Баварскиот клуб, сепак, беше победник на вечерта, бидејќи неговиот полски напаѓач Роберт Левандовски беше прогласен за најдонар играч а Ханс Петер Флик за најдобар тренер во речиси изминатата 2020 година.