
Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон предупредуваат на суптилните знаци кои укажуваат на инфекција со коронавирусот, како и на седум симптоми за кои е потребен брз одговор, кои ги забележале меѓу забелешките на корисниците на апликацијата COVID Symptom Study.
Во листата на овие „невидливи“ симптоми се вклучени и главоболките и чувството на општа слабост како најретки знаци на болеста, како и болки во грлото, губење на апетитот, отежнатото дишење, болка во мускулите, дијареа, конфузност и осип. Во некои од потврдените случаи на Covid-19, се појавуваат само последните два симптома, пишува The Daily Express.
Меѓу „традиционалните“ симптоми за коронаинфекција се наброени: долготрајната кашлица, високата температура и губењето на чувството за вкус и мирис. Последниот симптом, наведуваат научниците, може да се користи како само-дијагностицирање, односно секое утро да се помирисаат предмети со силен мирис, како што се сапун или кафе.
„Губењето вкус и мирис, исто така, е еден од клучните рани симптоми на коронавирусот, кој овозможува откривање на болеста во раната фаза“, појаснуваат експертите.
„Врз основа на нашата анализа, веруваме дека луѓето кои имаат какви и да се сомнителни симптоми, треба да се самоизолираат и да се тестираат, дури доколку кај нив не се јавува ‘класичната тријада’“ од симптомите, појаснуваат експертите.
А покрај трите „класичини“ симптоми на Covid-19: треска, кашлица и губењето на вкусот и мирисот, кои не се појавуваат кај секој петти пациент, научниците идентификувале повеќе од 20 знаци на болеста врз основа на податоците добиени преку споменатата апликација,
„Доколку имате каков и да е симптом на Covid-19, не ризикувајте, самоизолирајте со со вашето семејство и тетирајте се што е можно поскоро“, се наведува во објавата.