Охриѓанец загина излетувајќи од коловозот кај Врбјани

Треисети и седумгодишен жител на Охрид смртно настрада во неделата рано попладнето, откако со своето возило излетал од патот кај селото Врбјани

Како што информираше денеска Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера околу 14,30 часот. Според информацијата, на магистралниот пат Охрид– Кичево, кај селото Врбјани, 37-годишниот П.Н. од Охрид, управувајќи автомобил „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки излетал од патот, по што возачот починал на местото на настанот.

Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција