Почина Лазе Најдовски за чие лекување се бараа донации

Лазе Најдовски, за кого во јавноста се ширеа апели за донации за негово лекување, ја загуби битката со ковид-19.

Пријателите на Лазе се простуваат од него на социјалните мрежи, изразувајќи сочувство до семејството.

Неговата здравствена ситуација драстично се влоши како последица на ковид-19, по што граѓаните активно се вклучија да му помогнат со цел лекувањето да продолжи во приватна болница.

За жал, тој сепак не успеа да победи во најважната битка.