Пекинг блокираше некои населби поради коронавирусот

Властите во Пекинг во вторникот затворија десет области во североисточниот дел Шунји, што е првото затворање во главниот град на Кина од последното избувнување на коронавирусот во јуни и јули.

Здравствените власти на кинеската престолнина пријавија 16 случаи на зраза со коронавирусот и три симптоматски случаи од 18-ти декември, кога се откриени првите случаи по неколку месеци. Повеќето од случаите се регистрирани во Шунји.

Шест села, три згради и една индустриска зона се затворени, соопштија пекиншките општински власти на прес-конференција во вторникот.

Иако бројот на новите коронаинфекции во Пекинг е помал отколку што беше во јуни и јули, градските власти ги засилиле мерките за сузбивање на заразата на коронавирусот кој е регистриран во три округа, каде што се тестирани стотици илјади жители.

Владата на Пекинг соопшти дека ги откажува големите собири, како што се верски саеми и спортски настани и дека ги контролира поголемиот број настани надвор од организациите, како што се предновогодишните забави. Претходно во неделата соопшти дека ќе го зголеми бројот на вагоните во системот на подземната железница за одржување на физичката дистанца меѓу патниците, и оти ќе ја ограничи посетеноста на местата за забава на 75 отсто од нивните капацитети.

Музичките настани во живо се откажани. Образовните институции, од основните училишта до престижниот универзитет Цинхуа. Властите на Пекинг, исто така, апелираа до жителите да остант дома во текот на празниците, а службениците во неговиот северн округ Јанчинг ги повикаа тамошното население да не патува надвор од регионот.