Еибар ја запре Барса, Севилја го доби Вилјареал

Фудбалерите на Еибар проредија изненадување одигрувајќи во дуелот од 16-то коло на шпанското првенство на „Камп Ноу“ 1:1 против Барселона која настапи без Лионел Меси

Меси, како што беше најавено, го пропушти последниот натпревар на Барселона годинава, откако клубот му дозволи да го продолжи одморот во Аргентина, па подоцна се врати за да настапи на овој меч. Меси започна 17 од 20 мечеви на Каталонците сезонава во сите натпреварување и со десет постигнати погодови е водечки стрелец во екипата.

Без помошта од капитенот, Барса не можеше да го скрши отпорот на еден од давениците во Ла Лига играјќи скромни 1:1. Домапните во првото полувреме имапе само четири удари од кои само еден во рамките на противничкиот гол, што е најмалку во првото полувреме на „Камп Ноу“ оваа сезона во сите натпреварувања.

Барселона може да го отвори резултатот веќе во 8 минута, но Мартин Брејтвајт од белата точка шутира[е покрај голот. Белгискиот напаѓач сепак ја затресе противничката мрежа, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд по преглед на ВАР-снимката. А Еибар поведе во 57 минута преку Кике Гарсија по катастрофалната грешка на Араухо кој невнимателно речиси му ја даде топката во нозе, иако беше последен пред својот голман и лесно беше претрчан. Во 67 минута израмни Усман Дембеле. Во преостанатиот дел од мечот Барса бркаше победа, но не успеа да постигне и втор погодок.

Барселона моментално од 15 одиграни кола е на шестото место со 25 бодови, а Еибар во моментов е 15-ти со 16 бодови, само бод повеќе од опасната зона во која може да се најде по заокружувањето на колото.

 

Во првиот меч од ова коло Севилја го победи Вилјареал со 2:0, пробивајќи се на четвортото место со 26 бодови, со подобра гол-разлика од вечерашниот противник кој остана на ист број бодови. Ист број бодови има и третопласираниот Реал Сосиедад, а во водство се мадридиските тимови Атлетико и Реал со по 32 бода.

Најдобар играч на натпреварот беше Лукас Окапмос кој во 8 минута реализирапе пенал, а потоа во 53 минута му асистираше на Јусеф ал-Несири за конечните 2:0.

Леванте и Реал Бетис го одиграа најинтересниот и најефикасниот меч од вторничната програма кој им припадна на домашните со резултат 4:3. За Леванте ова беше трета последователна победа на домашен терен, а македонскиот репрезентативец Енис Барди не беше во составот поради повреда.

Леванте водеше со 4:1, но по ислкучувањето на Робер Пиер во 69 минута замалку ќе ја загубеше веќе впишаната победа. Гостите успеаја да намалат на 4:3, но во самата завршница не успеаја да постигнат и четврти погодок.

За Леванте стрелци беа Оскар Дуарте во 2, Хозе Луси Моралес Ногалес во 22 и 24 и Рожер Марти во 55 минута. Бетис прво израмни со голот на Аиса Манди во 12 минута, а потоа намали преку Серхио Кањалес во 78 од пенал и во 86 минута.

Реал Бетис остана на 19 бодови со кои во моментов е на 10-то место, додека Леванте со бод помалку моментално дојде до 12-та позиција.

Кадиз пропушти на домашен терен со победа над Реал Вајадолид да направи програс на табелата и со слабиот противник одигра без голови со слабиот противнилодиграа без голови. Кадиз сега е 9-ти со 19 бодови, а Вајадолид е во опасната зона 18-ти со 15 бодови.

 

Колото продолжива во среда со дуелите: Гранада – Валенсија, Атлетико Мадрид – Хетафе, Селта Виго – Уеска и Елче – Реал Мадрид, а ќе биде затворено во четвртокот со баскиското дерби Атлетик Билбао – Реал Сосиедад и дуелот меѓу Осасуна и Депортиво Алавес.