
Стотици германски државјани кои планирале да ја дочекаат новата година во Шведска беа запрени на границата меѓу Данска и Шведска и се вратени во нивната татковина, пренесува во четвртокот германската новинска агенција DPA повикувајќи се на шведската полиција.
Според податоците, влез во Шведска им бил забранет на речиси 450 германски државјани. Шведска фактички ја затвори границата со Данска на 22-ри декември поради страв од ширењето на новата мутација на коронавирусот. Притоа, интересно е што станува збор за забрана на премин на данско-шведската граница, додека дозволените се патувањата директно од Германија во Шведска.
„Жално е што луѓето кои минаа долг пат беа принудени да се вратат од границата, каде што има стопроцентна контрола на лицата кои влегуваат и неопходни се посебни основи за влез во земјата“, изјавила за агенцијата од шведската полиција советувајќи ги Германците да не патуваат преку Данска.