Контролирани 288 угостителски објекти во Скопје, двајца приведени за нарушување на јавниот ред и мир

Во текот на новогодишната ноќ на подрачјето на СВР Скопје извршени се зајакнати контроли во угостителски објекти при што се контролирани 288 угостителски објекти.  Од преземените мерки и активности не се констатирани неправилности при спроведување на протоколите во врска со епидемиолошките мерки овид-19.

Во текот на ноќта костатирани се осум прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, а на 31-ви декември, четвртокот во 18.40 часот на улицата „Иван Козаров“, пред угостителски објект, поради нарушување на јавниот ред и мир приведени се 18 годишните М.Н. и И.Д. и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Констатирани се и 29 прекршоци за неносење лична заштита.

На подрачјето на СВР Скопје во текот на новогодишната ноќ евидентирани се три пријави за прославување на новогодишната ноќ од поголема група луѓе, и тоа на подрачјето на Карпош во стан на булеварот „Партизански одреди“, на  подрачјето на Центар на булеварот „Илинденска“ и на подрачјето на Бит пазар, во Старата чаршија. По комплетно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.