
Градските власти на Токио ќе побараат јапонската Влада да објави одново вонредна состојба поради зголемениот број на нови случаи со Ковид-19. Тоа го објави денеска весникот Никеи.
Градскиот гувернер Јурико Коике ќе го упати тоа барање денеска попладне до министерот за економија.
Исто барање најавија и од префектурата Саитама, северозападно од Токио.
Во Токио во изминатите 24 часа има рекордни 1.337 новозаразени.
Министѕерството за здравство соопшти дека 718 луѓе заболени од Ковид-19 се во тешка состојба што е рекорден број во државата. На болничко лекување се 36.186 луѓе.