
Гундоган, Фолден и Де Брујне во периодот од 18. до 37. минута донесоа огромно водство за „граѓаните“, кое се покажа како недостижно за домашниот тим. Сѐ што направија сините беше да постигнат почесен погодок и тоа преку Хадсон-Одои во втората минута од судиското продолжение.
Овој пораз значи сѐ поизгледен отказ на Френк Лампард на клупата на Челси, а како негов наследник веќе се споменува Томас Тухел, кој неодамна доживеа таква судбина во ПСЖ. Сити, пак, дојде до третиот триумф во низа и првпат сезонава се најде меѓу петте најдобри екипи во Премиер лигата, со 29 бода, но и меч помалку од лидерите Ливерпул и Манчестер Јунајтед.