Уште еден земјотрес со интензитет од 4,5 по Рихтер утрово околу 7.50 го погоди хрватскиот град Петриња и околината. Земјотресот се почувствувал и во Загреб.
Областа околу Петриња во Хрватска и претходно денеска беше погодена од земјотрес со интензитет од 3,5 степени по Рихтеровата скала. Потресот беше регистриран во 4.20 часот утрово на два километра североисточно од Петриња.