![vreme500](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/vreme500.jpg?resize=500%2C283&ssl=1)
Времето топло и денеска. Претпладне не очекува претежно сончево време, а попладне повторно ќе има локално зголемување на облачноста, особено во источната половина од земјата. Оваа облачност ќе донесе услови за повремен дожд и грмежи. Ветерот ќе дува со умерена брзина, претежно од југоисток.
Максималната температура ќе достигне вредност околу 32°С во поголем дел од котлините низ земјата. Најтопло, околу 35°С ќе биде долж Повардарието, а во Демир Капија и до 37°С
Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.