![bankarski-tanc-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/bankarski-tanc-750x430.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Видео од танц на банкари од Уни Банка во Скопје споделено на Фејсбук профилот на банката предизвика реакции на социјалните мрежа.
Танцот е снимен пред експозитурата на банката на плоштадот Македонија.
„Дали го погледнавте нашето најново видео? Во него, 23 наши колеги танцуваат на познатиот светски предизвик #JerusalemaChallenge пред нашaта експозитура на Плоштад Македонија. 2020 е година која ќе биде запаметена по различни работи за секој од нас. Година, која што нè натера да сфатиме што е навистина важно. Споделуваме позитивна енергија и емоции“ објавија банкар(к)ите во описот на видеото.