(ФОТО) Насилство на Капитол, во тек евакуација на пратениците, Трамп смирува

Во тек е евакуација на членовите на Претставничкиот дом и на Сенатот на американскиот Конгрес во кој навлегоа приврзаниците на претседателот Доналд Трамп, јавуваат американските медиуми.

Демонстрантите се обидуваат да провалат во пленарната сала во која се одвиваше заедничката седница на двата дома на американскиот сенат на којашто треба да бидат потврдени резулатате од претседателските избори на 3-ти ноември на кои според резултатите победил демократот Џо Бајден.

Во тек е евакуацијата на пратениците на кои претходно им беше кажано да земат гас-маски и да бидат подготвени да ги употребат.

Републиканскиот претседател Доналд Трамп ги повика своите приврзаници да „останат мирни“ отоако се судрија со полицијата и упаднаа во зградата на Конгресот.

„Ве молам поддржете ја нашата полиција во Капитол и безбедносните сили. Тие навистина се на страната на нашата Земја. Останете мирни“, обајви Трамп на Twitter.

Претходно Трамп им се обрати на неговите приврзаници во близина на Белата куќа и ги повтори тврдењата за изборна измама по што масата демонстранти се упатија кон вашингтонски Капитол. Тие потоа ги пробија неколку кородони полициски блокади и упаднаа во зградата на Конгресот во текот на седницата на која се очекуваше дека Бајден ќе биде потврден за 46-ти претседател на САД.

Потрпетседаѕелот Мајк Пенс кој ја водеше седницата, полицијата го однесе на безбедна локација. Трамп во мегувреме на Twitter го осуди Пенс „кој немаше храброст да ги заштити Земјата и Уставот“ откако не ја блокираше верификацијата на електорските гласови.

(FOTO)