Илјадници протестираа во Австрија против рестриктивните мерки

Најмалку четири илјади луѓе демонстрираа во средата во неколку австрислки градови против рестриктивните мерки донесени поради сузбивањето на епидемијата на коронавирусот, додека земјата е во третиот карантин кој ќе трае до 24-ти јануари.

На најголемиот собир во Виенски Новигра, се собрале 2.500 лица, според податоците на полицијата којашто извести дека уапсила неколку лица кои не ги почитувале мерките.

Околу илјада луѓе се собрале во Амштетен, на северот на земјата, и повеќе од 500 во Јуденбург во централниот дел на Австрија. Помалубројни собири, од кои некои се одржале како протестни поворки за да се избегне забраната за собири, се одржани во повеќе други градови во разни делови на земјата.

Австрија, којашто главно беше поштедена во првиот бран на пандемијата кога беше претставувана како пример, сега тешко се справува со заразите со коронавирусот. Владата беше принудена да донесе одлука за „затворање“ ден по католички Божик, само 20 дена по укинувањето на строгиот режим на рестриктивни мерки.