Додека премиерот вечера со златни лажици и виљушки, половина милион негови сонародници живеат со две евра на ден

Бадниковата вечера покажа дека семејството Заеви живее во некој свој свет, многу поинаков од оној во кој секојдневно преживуваат најголемиот дел од граѓаните во Македонија

Денот кој треба да биде одлика на скромност за премиерот е можност да го покажат луксузот во кој живеат. Додека поголем дел од граѓаните живеат со две евра на ден, претураат по контејнери и на децата не можат да им овозможат ниту пакетчиња, Заеви како во царски дворец јадат со златни вилјушки.

Како изгледа масата на Заеви за Бадник се пофали внуката Ева. Луксуз на сите страни, златен прибор и богата трпеза.

Откако на социјалните мрежи добија критики за начинот на кој го прославуваат Бадник, Ева иронично стави пластичен прибор и обични ножеви и лажици какви што сите ние користиме.

Инаку паричката во домот на Заеви се падна токму кај Зоран Заев.

За премиерот Зоран Заев како да не постоеја податоците на Еуростат од пред месец дена, каде што Македонија беше нотирана како трета најсиромашна земја на европскиот континент. А, тој податок значеше дека на Македонија ќе и требаат децении за да ги достигне економските стандарди на остатокот од ЕУ и има слаб економски потенцијал. Еуростат исто така нотираше дека Македонија има трет најнизок БДП.

 

Две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните месечни трошоци на едно четиричлено семејство. Последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во ноември висината на минималната кошница изнесува 33.742 денари што е за 3.874 денари повеќе во однос на две минимални плати.

Најмногу пари се трошат за храна и пијалоци, како и за плаќање режиски трошоци. Така, на едно семејство од четири члена, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил, потребни му се 14.149 денари за основни потреби за храна и пијалоци, а 8.547 денари само за подмирување на комуналните трошоци. За лична хигиена и за хигиена на домот, минималните трошоци изнесуваат 2.375 денари.

Пресметките покажуваат дека синдикалната минимална кошница од месец во месец расне што значи дека се зголемуваат трошоците на живот на работниците. Така, во однос на октомври синдикалната кошничка е зголемена за 38 денари, а во однос на септември за 121 денар. Од почетокот на годинава до ноември скоро за илјада денари се зголемени основните месечни трошоци, односно ако во јануари на едно четиричлено семејство му биле потребни 32.791 денар, веќе во ноември за подмирување на основните потреби му биле потребни 951 денар повеќе.