Дваесет и шестгодишната тетовка Д.Ј. денеска претпладне е приведена поради основи на сомнение дека извршила кражба во фирмата во која работела, при што од касата одзела 2.600 евра, соопшти МВР.
Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе ѝ биде изготвен соодветен поднесок. Кражбата во продажниот салон на фирмата го пријавила одговорната на фирмата денеска околу 11.30 часот.