
Десет новороденчиња загинаа во саботата во голем пожар во болниа во Махараштри, најбогатата индиската сојузна држава во западниот дел од земјата, соопшти водството на болницата.
„Пожарот избувна денеска во 2 часот утрото“, изјави за медиумите хирургот Прамод Кандате од „ Bhandara District General Hospital“.
Седум од 17-те деца на одделот за болни новороденчиња се спасени од дежурниот персонал во болницата, додаде Кандате во посебна изјава за новинската агенција ANI.
Според првичните сознанија на истрагата, се чини дека пожарот избувнал по краток спој, а огнот бил брзо ставен од контрола со активирање на пожарникарите.
„Трагедијата во Бхандара, во Махараштра, погаѓа в срце. Изгубивме драгоцени млади животи. Моите мисли се со ожалостените семејствоа. Се надевам дека повредените брзо ќе закрепнат“, напиша на Twitter индискиот премеир Нарендра Моди.
И могумина други локални и сојузни политичари, вклучително и опозицискиот лидер Рахула Ганди, исто така, изразија жалење поради трагедијата.
https://www.youtube.com/watch?v=BeK30tHmess