Загубен контактот со патнички авион по полетување од Џакарта

Патнички авиони со повеќе од 50 лица на летот исчезнал од радарите во саботата набрзо по полетувањето од индонезиската престолнина Џакарта кон Понтинака во покраината Западен Калимантан, објавија локалните медиуми во саботата.

Според информациите, станува збор за авион од типот „Boeing B737-500“ на воздухопловната компанија „Sriwijaya Air“. Компанијата соопшти дека не може да даде никакви информации, сѐ додека не ги собере комплетните информации за летот. Министерството за транспорт соопшти дека во тек се напори за пребарување и спасување.

Глобалната веб-страница за следење на летовите Flightradar24.com, соопшти дека контактот со авионот бил загубен на повеќе од 3.000 метри надморска височина за помалку од една минута по полетувањето.

Леталата на американскиот производител на авиони „Boeing“ од типот „737 Max“, последните неколку години доживеја две големи несреќи. Во првата од нив во октомври 2018 година, исто така на индонезиска компанија „Lion Air“ авионот се урна во море при што загинаа 189 луѓе.