Дванаесет приведени на анти-карантин протестот во Лондон, Британија надмина три милиона заразени

(Aaron Chown/PA via AP)

Лондонската полиција соопшти во саботата дека привела 12 лица за учество на претестот за нарушување на карантинските мерки, во денот кога Велика Британија надмина три милиона случаи на зараза со коронавирусот и 80.000 смртни исходи како последица од компликациите предизвикани од Covid-19.

Во саботата преку денот околу дваесетина лица во југозападен Лондон се обиделе да организираат протест против карантинот воведен поради острото ширење на коронавируост во земјата, особено по појавата на новиот позаразен сој на SARS-CoV-2. Полицијата која интервенирала привела 12 лица поради кршење на епидемиолошките мерки.

Во Британија, поради ширењето на коронавирусот, забранети се групирања на повеќе од две лица од разлини домаќинства на отворено, како и групните прошетки и рекреативното практикување колектувни спортови.

„Ниту протестните собири не се исклучени од протесите, а оние коишто имаат намера да учестуваат на вакви настани може да се соочат со дејствија на полицијата“, предупреди Скотланд Јард.

Според Скотланд Јард, уапсените се приведени во локалната полициска станица. Тие се соочуваат со глоба од најмалку 200 фунти за нарушување на карантинските мерки. Организаторот на протестот, пак, доколку биде идентификуван, се соочува со парична казна од 10.000 фунти.

Подоцна во саботата британската влада објави дека во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 59.900 нови случаи на заразата, со што од почетокот на епидемијата во Велика Британија се регистрирани повеќе од 3,01 милиони случаи на заразата.

Со тоа Обединетото Кралство стана петтата земја во светот која ја надмина границата од три милиона зарази, но е далеку задСАД, Индија, Бразил и Русија.

Истовремено владата истакнува дека ова е 12-ти ден со ред во кој на дневно ниво се регистрирани повеќе од 50.000 зарази, вклучително и рекордните 68.000 случаи забележани во петокот 8-ми јануари. Во текот на изминатиот седумдневен период, бројот на новите потврдени случаи на коронаинфекции е зголемен дури за 22 отсто во однос на преходниот седумдневен период.

Бројот на смртните случаи поврзани со Covid-19 во саботата изнесувал 1.035, што е помал во однос на 1.325 починати ден претходно, кој беше рекорден ден според смртноста од почетокот на епидемијата во Британија. Со тоа, вкупно во пандемијата од коронавирусот починале повече од 80.800 лица, со што земјата е водечка во Европа.

Екстремно сложената епидемиолошка ситуација во Британија се претпоставува дека е предизвикана од ширењето на мутираниот сој на коронавирусот, кој според процените е дури 70 отсто поразен од основниот сој на вирусот. Поради тоа владата е принудена да ги носи острите мерки за справување со инфекцијата, и од 4-ти јануари го воведе третиот карантин во земјата. Како што предупреди премиерот Борис Џонсон, во спротивно за само три седмици британскиот болнички систем ќе крахира од преоптовареност.

Во борбата против пандемијата братанската влада големи надежи полага во вакцинирањето на населението кое започна на 8-ми декември, со што Британија стана првата западна земја која ја започна масовната имунизација на коронавирусот. Досега околу 1,5 милиони луѓе од 60-милионското население ја примиле првата од двете дози на вакцината,

Приоритет во вакцинирањето имаат медицинските работници, лицата кои се згрижени во домовите за стари лице и персоналот кој се грижи за нив, како и сите над 80 години. Потоа ќе започне вакцинирањето на луѓето од различните возрасни групи, почнувајќи од највозрасните. Властите имаат намера до средината на февруари да вакцинираат вкупно 13,5 милиони луѓе, и сметаат дека тоа значително ќе помогне во сузбивањето на вирусот.